Украинскиот претседател Владимир Зеленски објави ново ноќно обраќање на Фејсбук. Тој потврди дека вториот дел од официјалниот прашалник за добивање кандидатура за членство во Европската унија го предал за време на видео разговор со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен.
– Мислам дека овие одговори се мала победа за нашиот тим. Очекуваме разгледување и заклучоци на Европската комисија. Би сакал овие заклучоци да бидат позитивни. И би сакал благодарение на вас побрзо да се дојде до овие заклучоци – беше објавено.
– Урсула фон дер Лејен истакна дека Европската комисија напорно ќе работи на ревидирање на пополнетиот прашалник доставен од Украина за да донесе одлука во јуни оваа година – се вели во соопштението.
– А ние, Украинците, ќе продолжиме да работиме на нашата одбрана, на нашата победа и на враќање на правдата. Денеска, утре и секој втор ден што е неопходно за ослободување на Украина од окупаторите – рече Зеленски.
Претседателот го заврши своето обраќање со благодарност до сите оние кои ја бранат Украина и им вети дека нивното знаме повторно ќе се вее над нејзините градови.
– Украинското знаме ќе се врати. Затоа што ова е наша земја. Слободна европска земја – рече Зеленски.
Тој ѝ порача на Европа дека мора „внимателно да размисли за цената што Русија мора да ја плати затоа што повторно го доведе злото од целосна војна на континентот“.