Украинскиот претседател Володимир Зеленски се наоѓа на улиците во Киев, во одбрана на главниот град од руската агресија. Во објавено видео на социјалните мрежи, Зеленски со неколку министри и функционери од владата информира дека „сите се тука“.
-Ние сме тука и сите наши тенкови се тука. Ние сме во Киев и ќе ја заштитиме државата. Слава на сите војници и слава на Украина, рече Зеленски во видеото.
Ми тут. Ми в Києві. Захищаємо Україну🇺🇦 pic.twitter.com/OptIrLW4rL
— ЗС УКРАЇНИ (@ArmedForcesUkr) February 25, 2022
Украина денеска се бори да ја задржи контролата над својот главен град, додека американските разузнавачки служби предупредуваат дека Русија се надева дека молскавичен напад врз градот е најбрзиот начин да се стави крај на војната и да се врати контролата врз земјата на Москва.