Украинскиот претседател Влодимир Зеленски денеска посочи дека преговорите на високо ниво меѓу Москва и Киев може да се одржат во Ерусалим.
Зеленски во видео обраќањето до граѓаните ги пофали напорите на израелскиот премиер Нафтали Бенет да ја преземе улогата на посредник.
Тој изјави дека Израел вложува многу напори за организирање мировни преговори меѓу Русија и Украина, пренесе Ројтерс.
„Премиерот на Израел се обидува да најде начин да води преговори и ние сме му благодарни за тоа. Веруваме дека разговорите со Русија ќе започнат порано или подоцна, веројатно во Ерусалим. Тоа е вистинското место да се најде мир, ако е можно“, рече Зеленски.