Зеленски: ЕУ да покаже единство во врска со цената на руската нафта

од Stefanija Kuzmanovska
97 прегледи

Украинскиот претседател Владимир Зеленски ја повика денеска Европа да остане обединета во осудата на војната што Москва ја води против неговата земја и да воведе строги ограничувања на цената на руската нафта.

„Нема поделба, нема раскол меѓу Европјаните и тоа мора да го зачуваме. Ова е нашата мисија број еден оваа година“, рече Зеленски во видео-обраќањето пред учесниците на конференцијата во Литванија, пренесува „Ројтерс“.

„Намалувањето на цените е многу важно. Слушнавме дека има предлози да се постави лимит за барел на 60 или 70 долари. Тоа веќе личи на отстапка на Русија“, рече Зеленски.

Слични содржини