Зеленски ги исмеа руските тврдења за преземање контрола над Соледар

од Radmila Tasevska
202 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес ги исмеа тврдењата на Русија дека ја презема контролата врз градот Соледар во источна Украина и рече дека борбите сè уште траат.

Руската платеничка група Вагнер во вторникот соопшти дека ја презела целосната контрола над Соледар, иако борбите продолжуваат во центарот на градот, пренесува Ројтерс.

Соледар е рударски град во близина на Бахмут, кој беше во фокусот на рускиот напад чија цел беше заземање на Донбас.

Слични содржини