21
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја осуди средбата на делегацијата на САД и Русија во Ријад, нагласувајќи дека тоа се „преговори за Украина без Украина“.
Зборувајќи на прес-конференција во Анкара заедно со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Зеленски истакна дека детално разговарале за глобалните процеси кои би можеле да доведат до крај на војната.
Тој нагласи дека од клучно значење е преговорите да не се одвиваат зад грбот на инволвираните страни и дека за да се обезбеди траен мир „не смее да има грешки“.
Според него, на преговарачката маса мора да бидат вклучени сите релевантни страни – САД, Европа и Украина.