Претседателот на Украина Володимир Зеленски вчера ги посети првите позиции на украинските војници во правец на Бердјанск.
„Фронтални позиции на украинските војници во правец на Бердјанск. Многу е важно да се биде овде денес. Особено ми е драго што можам да го поздравам третиот баталјон на Одделната претседателска бригада на Хетман Богдан Хмелницки од Копнената армија на вооружените сили на Украина“, напиша Зеленски на каналот Телеграм, пренесува „Укринформ“.
Тој им се заблагодари на припадниците на армијата што ја бранат Украина, се борат за нејзината независност и слобода и „слобода за секој од нас“.