Претседателот на Украина, Влодимир Зеленски, ги посети позициите на воените сили во близина на границата со Крим, за време на работната посета на Херсонската област и предупреди дека руските сили можат да се вратат на украинските граници, соопшти денеска неговата прес-служба.
„Ги гледаме нашите позиции, ја проверуваме подготвеноста на нашите борци, нашите бригади од гледна точка на опремата. Многу е важно да се види состојбата на нашите војници, нашата армија, и на фронтот и на резервите – технички и психолошки. Повлекувањето на (руските) сили не значи дека тие нема да се вратат на нашите граници во кое било време“, рече Зеленски.
Според изјавата, Зеленски ја испитал оперативната состојба и системот за утврдување во близина на границата со Крим, извршил увид во ископаните ровови и разговарал со дежурните војници, пренесува ТАСС.
Тој го посетил и базниот камп во близина на населбата Чаплинка, каде се запознал со условите за сместување на персоналот.
Претседателот на Украина предал ноќни и термички уреди на две воени единици.