152
Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска отпатува за Славјанск во украинскиот Донбас, на околу 40 километри од Бахмут, главното бојно поле во регионот.
Шефот на државата ги поздрави украинските војници по повод Денот на вооружените сили, објави Претседателството на социјалните мрежи.
Русија и Украина разменуваат по 60 заробени војници
Русија и Украина се подготвени денеска да разменат по 60 воени заробеници, изјави прорускиот лидер на самопрогласената Доњецка народна република, Денис Пушилин.
Пушилин на Телеграм напиша дека денеска се случува уште една размена на заробени војници со Украина по принципот 60 за 60, пренесе „Ројтерс“.