Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги предупреди воените команданти на неговата земја да не се мешаат во политиката.
Во интервју за британскиот таблоид „Сан“, Зеленски зборуваше за неговиот однос со високи команданти, кои ја предводат одбраната од руската инвазија.
Со месеци во политичките кругови во Киев се шпекулира за несогласување меѓу Зеленски и Валери Залужни, врховен командант на украинските вооружени сили.
Генералот доби пофалби за неговите воени кампањи и веќе се смета за ривал на Зеленски за претседателската функција.
Според Уставот, редовните претседателски избори би требало да се одржат на 31 март, но Зеленски повика на одложување поради војната што беснее во земјата.
– Ако некој војник реши да се занимава со политика, тоа е негово право, но тогаш мора да влезе во политика и не може да се вклучи во војна – изјави Зеленски за „Сан“.
– Во однос на генералот Залужни и сите команданти кои се на бојното поле, постои апсолутно разбирање за хиерархијата и тоа е тоа – додаде украинскиот претседател.
Зеленски, кој секојдневно објавува ажурирања за борбите, се чини дека алудирал на интервјуто што Залужни го даде за „Економист“ претходно овој месец, во кое предупреди дека војната е во мирување.