Зеленски: Глобалната криза со храна ќе трае сѐ додека Русија води колонијална војна

од Nikola Popovski
161 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски информира дека во моментов се вклучени во „комплексни преговори“ за укинување на руската блокада на украинските пристаништа.

Зборувајќи во видео обраќање до Африканската унија, Зеленски рече дека глобалната криза со храна ќе трае се додека Русија води „колонијална војна“.

„Водиме сложени преговори на повисоки нивоа за да ги деблокираме нашите пристаништа. Но, сè уште нема напредок. Затоа глобалната криза со храна ќе трае се додека трае оваа колонијална војна“, вели Зеленски.

Тој тврди дека Русија ја држи Африка како заложник.

„Нашата главна задача е да ја елиминираме заканата од глад. Оваа закана не треба да постои во 21 век, благодарение на Украина и нашата земјоделска индустрија… Да не беше војната, ќе бевте во друга ситуација, во сосема безбедна ситуација. За да се избегне глад, обидите на Русија да се врати на колонијалната политика на окупаторски територии мора да завршат“, рекол Зеленски во своето обраќање.

Слични содржини