Владимир Зеленски ги нарече Русите диносауруси и одби дијалог со рускиот претседател Владимир Путин.
„Тие се диносауруси, гледате, тие само сакаат да не изедат. Не може да биде вака: слушај, ајде да разговараме. Едноставно немам за што да разговарам со рускиот претседател Владимир Путин“, рекол Зеленски на прес-конференција што ја емитуваше украинскиот телемаратон.
Тој најавил и што сака од САД и американскиот претседател Доналд Трамп.
„За ова зборувам уште од првиот ден од нашите разговори. За мене е важно Украина да има силна позиција во овие преговори, да имаме шанса да ја завршиме војната преку преговори и не само да ја завршиме, туку да имаме праведен, траен мир. Ми требаат овие гаранции од САД“, додал Зеленски.
Путин на крајот на јануари изјави дека доколку постои желба да се најде компромис, преговорите за Украина може да се водат со секого.
Сепак, тој потсети дека мандатот на Зеленски истече во мај минатата година и дека тој нема овластување да потпише ништо.
Трамп претходно изјави дека Вашингтон нема намера да ѝ обезбеди на Украина значајни безбедносни гаранции, префрлајќи ја таа одговорност на Европа, но дека смета на соработка со Киев во областа на ретките метали.