Зеленски го посети Изјум, им се заблагодари на војниците и го подигна знамето (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
198 прегледи

Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска го посети градот Изјум, кој неодамна беше повторно заземен од украинските сили и свечено го подигна украинското знаме над зградата на градскиот совет, соопшти украинската воена бригада.

Зеленски им се заблагодари на војниците за „ослободувањето на украинските територии“, пренесува „Ројтерс“.

Тој накратко зборуваше за новинарите, велејќи дека сцената во Изјум, кој АП го опишува како уништен град, е многу шокантна, но дека не е шокантна за него „бидејќи ги видовме истите слики од Буча, од првите ослободени територии. Тие уриваа згради и убиваа луѓе“.

Руските сили го напуштија Изјум минатата недела, додека Украина напредуваше во голема контраофанзива за време на која тврди дека за неколку дена вратила огромни делови од територијата во североисточната Харковска област.

По повлекувањето на руските сили во март, тела беа пронајдени на улиците на Буча, во масовни гробници и дворови, за кои Украинците тврдат дека се цивили и многу од нив покажуваат знаци на тортура.

Слични содржини