179
Украинскиот претседател Владимир Зеленски го повика германскиот канцелар Олаф Шолц да покаже јасна поддршка за Украина.
Зеленски во интервју за германската телевизија ЗДФ рече дека Германија не треба да се обидува да ги балансира своите интереси меѓу Украина и односите со Русија, пренесува Би-би-си.
„Потребно ни е уверување од канцеларот Шолц дека Германија ја поддржува Украина. Тој и неговата влада мора да одлучат, не може да има компромис меѓу Украина и односите со Русија“, рече украинскиот лидер.