146
Светот ќе загуби од тероризмот и ќе подлегне на нуклеарната уцена доколку ништо не се преземе за да се спречи несреќа во нуклеарната централа Запорожје, изјави украинскиот претседател Владимир Зеленски.
„Ако светот сега не покаже сила и решителност да одбрани една нуклеарна централа, тоа ќе значи дека светот ја загуби битката со тероризмот и се предаде на нуклеарната уцена“, рече Зеленски за време на своето видео обраќање, пренесува „Ројтерс“.
Русија ја презеде нуклеарната централа Запорожје, најголемата нуклеарна постројка во Европа, набргу откако ја нападна Украина во февруари, во она што Кремљ го нарекува „специјална воена операција“.