Зеленски го разреши командантот на здружените сили Москалов

од Radmila Tasevska
129 прегледи

Командантот на операции на здружените сили на Украина, Едуард Михајлович Москалов е разрешен од должноста, соопшти денес претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Генерал-мајор Москалов беше назначен на оваа позиција во март минатата година кога генерал-полковник Олександр Пављук беше назначен за шеф на Киевската регионална воена управа, пренесе „Си-Ен-Ен“.

Зеленски не даде објаснување за разрешувањето на Москалов, што е само едно од долгата серија смени на високи државни функционери нарачани од претседателот на Украина.

Слични содржини