223
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го разреши амбасадорот на таа земја во Велика Британија.
Во одлуката на Зеленски не е наведена причината за отпуштањето, но се додава дека Вадим Пристајко е разрешен и од функцијата претставник на Украина во Меѓународната поморска организација, пренесува „Ројтерс“.
Британски „Индепендент“ пишува дека Пристајко ги запрепастил властите во Киев откако јавно го критикуваше Зеленски.