Зеленски го разреши шефот на државната безбедност во Харков

од Nikola Popovski
274 прегледи

Украинскиот претседател Владимир Зеленски синоќа на Телеграм објави дека го отпуштил шефот на Службата за државна безбедност во Харков, вториот по големина град во Украина, затоа што „не работел на одбраната на градот“.

„Дојдов, сфатив и го отпуштив началникот на областа на безбедносната служба (Харков) поради фактот што тој не работеше да го брани градот од првите денови на војната, туку мислеше само на себе“, рекол Зеленски во своето обраќање до нацијата.

Оваа посета го претставува неговото прво официјално појавување надвор од областа Киев од почетокот на рускиот напад врз Украина на 24 февруари, објави Ројтерс.

Слични содржини