136
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска потпиша указ за суспендирање на државјанството на тринаесет свештеници на Украинската православна црква (УПЦ), пренесува РИА Новости, повикувајќи се на украинскиот портал „Леви Берег“.
Меѓу свештениците на кои им е суспендирано државјанството е и митрополитот Тулчинско-брацлавски Јонатан, кого, како што се наведува, украинската служба за безбедност го сомничи за велепредавство.