162
Зеленски: Голем број војници од Северна Кореја загинаа во регионот Курск
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека борбите во областа Курск, на југот на Русија, предизвикале големи загуби на силите испратени од Северна Кореја да и помогнат на руската армија.
„Само кај селото Маховка, во тој регион, во последните денови руската армија загуби цел баталјон војници од Северна Кореја, како и припадници на руски паравоени единици“, тврди Зеленски во своето редовно видео обраќање.
Тој не го прецизираше бројот на војници, но еден баталјон обично се состои од околу 1.000 војници.