Претседателот на Украина Володимир Зеленски, денеска престојуваше во Холандија, каде во разговор со премиерот Марк Руте успеа да договори испорака на дури 42 авиони Ф-16.
Зеленски објави фотографија со Руте на својот канал на Телеграм и најави дека Ф-16 ќе лета на небото на Украина.
„Денеска правиме уште еден чекор кон зајакнување на воздушната одбрана на Украина. Авионите Ф-16 ќе ги користиме за да ги држиме руските терористи надвор од украинските градови и села“, напиша тој.
Зеленски потврди дека се договориле со Руте 42 авиони Ф-16 да бидат испорачани во Украина по обуката на пилотите и инженерите. – Марк Руте и јас се договоривме за бројот на Ф-16 кои треба да бидат испорачани во Украина И ова е само почеток. Ви благодариме, Холандија!“, рече тој.
Претседателот на Украина, од Холандија отпатува во Данска, каде ќе се сретне со премиерот Мете Фредериксен, членови на кралското семејство и претставници на бизнис заедницата. Пред Холандија, Зеленски беше во посета на Шведска.