Зеленски: Инвазијата на Украина е првиот чекор на руското освојување на другите народи

од Stefanija Kuzmanovska
189 прегледи

Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска ја повика Европската унија да ги заостри санкциите кон Русија и предупреди дека руските сили би можеле да нападнат други земји по инвазијата на неговата земја, пренесува „Ројтерс“.

– Како и во минатото, руската инвазија на Украина е првиот чекор што треба да го отвори патот на руското раководство кон другите земји и освојувањето на другите народи – рече Зеленски.

Обраќајќи се во двата дома на чешкиот парламент преку видео врска, тој ги повтори повиците ЕУ да ѝ дозволи на Украина да тргне на патот кон членство во ЕУ со тоа што ќе ѝ даде статус на земја кандидат, наведува британската агенција.

Слични содржини