198
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека иранските беспилотни летала што Москва масовно ги користеше во последните денови за да ја нападне енергетската инфраструктура на Украина се симбол на „воениот и политичкиот банкрот“ на руските војници.
„Самиот факт што Русија го повикува Иран на помош е признание за воениот и политички банкрот на Кремљ“, рече Зеленски во своето секојдневно обраќање на социјалните мрежи.
Украинските власти објавија дека Киев во понеделникот бил цел на ирански беспилотни летала.