117
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека враќањето на украинските војници во Херсон е историски ден и вети дека ќе ја врати целата окупирана Украина.
„Нашиот народ. Наш. Херсон“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски на Телеграм, поздравувајќи го историскиот ден и ветувајќи дека ќе ја врати целата окупирана Украина, пренесе Би-Би-Си.
На улиците на Херсон вчера имаше прослава кога украинските војници пристигнаа во градот од кој Русија се повлече.