Зеленски ја обвини Русија за геноцид, но е подготвен да продолжи со преговорите

од Nikola Popovski
198 прегледи

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија мора брзо да преговара околу договор за завршување на војната.

Зборувајќи за време на посетата на градот Буча во близина на Киев, каде што стотици цивили беа пронајдени мртви по повлекувањето на руските трупи минатата недела, Зеленски рече дека доказите за злосторства го отежнуваат преговарањето со Русија, пренесе АП.

„Многу е тешко да се водат преговори кога гледате што правеле овде“, рече Зеленски, додавајќи дека мртви луѓе биле пронајдени во буриња, подруми, задавени и измачувани, како во Буча така и на други места.

Сепак Зеленски најави дека е спремен да продолжи со преговорите.

„Да, затоа што Украина мора да дојде до мир. Ние сме во Европа во 21 век. Ќе продолжиме со дипломатските и воените напори“, рече Зеленски, одговарајќи на прашање на новинарите на Би-Би-Си, пренесува УНИАН.

Слични содржини