Зеленски ја покани Ангела Меркел да дојде во Буча

од Nikola Popovski
191 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика поранешната германска канцеларка Ангела Меркел и поранешниот француски претседател Никола Саркози во градот Буча, кој руското Министерство за одбрана веќе го окарактеризира како инсценација и провокација и најави дека сака во Советот за безбедност на ОН да разговара за дејствијата на Русија во Украина.

Специјалната воена операција на Русија во Украина започна на 24 февруари. Во Мариупол и Донбас се водат жестоки борби. Претседателот Владимир Путин нејзината цел ја нарече „заштита на луѓето кои осум години биле изложени на малтретирање и геноцид од режимот во Киев“.

За тоа, според него, се планира да се изврши „демилитаризација и денацификација на Украина“, да се изведат пред лицето на правдата сите воени злосторници одговорни за „крвавите злосторства над цивилите“ во Донбас.

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитриј Кулеба синоќа побара од светот да одговори на, како што рече, „масакрот“ во Буча, а реагираше и генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

Тој рече дека е „длабоко шокиран“ од фотографиите на загинатите цивили во Буча, поради што побара независна истрага што ќе доведе до пронаоѓање на одговорните.