268
Украинскиот претседател Володимир Зеленски беше во кратка посета на Германија на враќање од САД и по разговорите во Норвешка со лидерите на петте скандинавски земји, јави ДПА.
Според германската полиција, Зеленски слетал на аеродромот во Франкфурт, а потоа ја посетил касарната на американската армија „Клеј“ во Визбаден, на околу 30 километри западно.
„Уште еднаш се уверив во одличниот квалитет на американската воена помош за Украина. Тоа е исклучително важно за нашата победа“, напиша Зеленски на „Икс“.
Тој додаде дека очекува Конгресот во Вашингтон многу брзо да донесе одлука за продолжување на помошта за Киев.