Украинскиот претседател Владимир Зеленски во понеделникот ја повика Европската унија да остане обединета против Русија, за време на разговорите со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и по контроверзните изјави на германските претставници.
Зеленски им се заблагодари на Мишел и на националните лидери на ЕУ за нивната солидарност и поддршка за време на конфликтот и тензиите со Русија.
Тој нагласи дека „за Украина е важно да го зачува единството на сите земји-членки на ЕУ во заштитата на суверенитетот и територијалниот интегритет“ на неговата земја, поради потенцијалната руска инвазија, се вели во соопштението на украинското претседателство.
„Украина нема да попушти пред провокациите, напротив, ќе ја задржи присебноста заедно со своите партнери“, додаде Зеленски.
Благодарен сум вам, господине претседателе на Европскиот совет и на лидерите на земјите од ЕУ, чии дипломати остануваат во нашата земја и не поддржуваат во нивната работа“, му рекол Зеленски на Мишел во телефонскиот разговор.
Тој исто така појаснил дека Украина нема намера да одговори на руските провокации.
Москва во понеделникот уште еднаш го обвини Киев дека подготвува офанзива против проруските сепаратисти на истокот на земјата.
Наводите уследија по изјавата на германски маринец кој ја нарече идејата дека Русија може да ја нападне Украина „луда“, велејќи дека рускиот претседател Владимир Путин „веројатно заслужува“ почит.
Киев е дополнително иритиран од упорното одбивање на Германија да испорача оружје на Украина. Украина смета дека таквиот став може да ја „охрабри“ Русија.
Испорака на оружје за Украина најавија САД, Велика Британија и балтичките земји.
Традиционално, од Втората светска војна, Германија не сакаше да се вклучи во каков било воен ангажман и во овој случај верува дека овој тип на поддршка може само да ги зголеми тензиите.