Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, вчера ги потпиша законите за продолжување на воената состојба и општа мобилизација за уште 90 дена, до 14 февруари 2024 година.
Како што објави „Укринформ“, Врховната Рада на 8 ноември усвои закони за одобрување на претседателски декрети за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација во Украина од 16 ноември за 90 дена, односно до 14 февруари 2024 година.
Воената состојба беше воведена во Украина на 24 февруари 2022 година, денот кога започна целосната инвазија на Русија. Во исто време беше најавена и општа мобилизација. Од почетокот на инвазијата украинскиот парламент девет пати гласаше за нивно продолжување.
Во време на продолжување на законите, имаше предупредувања за воздушен напад во регионите Днепропетровск, Кировохрад, Херсон и Миколаев.