Украина нема да се согласи на замрзнат конфликт со Руската Федерација, изјави денеска украинскиот претседател Владимир Зеленски.
Тој во видео обраќање на седницата на Бордот на извршни директори на „Волстрит журнал“ рече дека Украина не се повлекла од процесот во Минск, за разлика од Русија, која го направи тоа откако Владимир Путин најави инвазија од целосен обем.
-Нема да влеземе во замрзнат конфликт. Станав претседател кога постоеја договорите „Минск-1“ и „Минск-2“. Имаше релевантни документи кои беа прекршени, што значи дека тие документи биле несериозни. Сепак, имаше договор на хартија. Тоа беше замрзнат конфликт. Јас сум против. Таков документ сигурно нема да имаме“, потенцира Зеленски.
Тој додаде дека не верува во договорите со Руската Федерација се додека Владимир Путин официјално не ги потврди, пренесува „Укринформ“.