Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска изјави дека Киев нема да се согласи на застој на бојното поле со Русија и дека неговата цел е да ја врати контролата врз територијата окупирана од Москва.
„Веќе изгубивме премногу луѓе за едноставно да ја отстапиме нашата територија“, рече Зеленски во видео обраќањето на настанот организиран од „ФТ Лајв“, додавајќи дека застојот не е опција за Киев, пренесува „Ројтерс“.
Украинскиот претседател изјави дека Киев нема да се согласи на застој на бојното поле со Русија и дека неговата цел е да ја врати контролата врз територијата окупирана од Москва