Зеленски ќе се обрати на американските сенатори пред гласањето за оделување помош за Украина

од Radmila Tasevska
257 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се обрати денеска директно до американските сенатори за поддршка предгласањето за финансиска помош за војната со Русија.

Зеленски ќе се обрати преку видеоврска за време на брифинг за конфликтот, пред Сенатот да го одржи првото процедурално гласање за пакетот итна помош што вклучува повеќе од 60 милијарди долари за Киев.

Обраќањето на украинскиот лидер доаѓа откако Белата куќа вчера предупреди дека помошта ќе биде исцрпена до крајот на годината и дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да ја добие војната доколку Конгресот не успее да го реши спорот околу внатрешната политика што го доведе во ќорсокак финансирањето.

Слични содржини