3
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес ќе се сретне со британскиот премиер Кир Стармер на Даунинг стрит, објави Скај њуз, повикувајќи се на британската влада.
Зеленски вчера го посети Берлин, каде што се сретна со германскиот канцелар Фридрих Мерц, а потоа учествуваше на видеоконференција со европските лидери, генералниот секретар на НАТО Марк Руте и американскиот претседател Доналд Трамп, кој утре треба да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.
Трамп вчера им кажа на Зеленски и на европските лидери дека неговите цели за претстојната средба со Путин се постигнување прекин на огнот и проценка на можноста за склучување сеопфатен мировен договор, објави Аксиос, повикувајќи се на извори.