Зеленски: Конструктивни разговори со САД и Русија, можни се нови средби наскоро

Украинскиот претседател информира дека воените претставници ги утврдиле прашањата за евентуален следен состанок, кој би можел да се одржи веќе следната недела

од Nikola Popovski
8 прегледи Фото: Х/Принтскрин/Официјален профил на Володомир Зеленски

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски соопшти дека „конструктивните дискусии за можните параметри за завршување на војната“ денес ги завршија дводневните трилатерални разговори со Русија и Соединетите Американски Држави (САД) во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

„Сите страни се согласија да ги известат своите главни градови за секој аспект од преговорите и да ги координираат понатамошните чекори со своите лидери“, напиша Зеленски на Телеграм по дводневните разговори во Абу Даби.

Тој информира дека воените претставници ги утврдиле прашањата за евентуален следен состанок, кој би можел да се одржи веќе следната недела.

Зеленски истакна дека постои „разбирање за потребата од американско следење и контрола на процесот на завршување на војната и обезбедување вистинска безбедност“.

Престаниците Стив Виткоф и Џаред Кушнер од САД, секретарот на Советот за безбедност Рустев Умеров и шефот на военото разузнавање Кирил Буданов од Украина, како и претставници на Армијата од Русија, според зборовите на Зеленски, учествувале во преговорите.

Министерството за надворешни работи на ОАЕ претходно објави дека разговорите се дел од напорите „за зајакнување на дијалогот и наоѓање политички решенија за кризата“.

Рускиот претседател Владимир Путин зборуваше пред официјалните преговори со Виткоф и Кушнер.

Утрово, во руски напад со беспилотни летала врз Киев, едно лице беше убиено, а четворица беа ранети, според шефот на Воената администрација на градот Киев, Тимур Ткаченко. Во Харков, 27 лица беа ранети во слични напади, покажаа наводите на официјалните лица.

Министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха, напиша на „X“: „Цинично, Путин нареди брутален масовен ракетен напад врз Украина токму кога делегациите се состануваат во Абу Даби за да го унапредат мировниот процес предводен од Америка“ и додаде дека „неговите ракети не само што го погодија нашиот народ, туку и преговарачката маса“.