Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека во саботата разговарал со лидерите на Велика Британија и Шведска за тоа како најдобро да им се помогне на оние кои го бранат Мариупол и десетици илјади цивили заробени во опколениот град.
Судбината на Мариупол може да се реши или со борба или со дипломатија, вели тој.
– Или нашите партнери и го даваат на Украина сето потребно тешко оружје, авиони и тоа, без претерување, веднаш, за да можеме да го намалиме притисокот на окупаторите врз Мариупол и да ја пробиеме блокадата, или тоа го правиме преку преговори, во кои улогата на нашите партнери треба да биде одлучувачка, посочи Зеленски.