Зеленски: Москва го искористи времето за да се подготви за состанок на лидерите за да започне напади

Во најновиот руски напад врз украинската Запорожје, едно лице беше убиено, а најмалку 24 беа повредени, вклучувајќи три деца, соопшти канцеларијата на регионалниот гувернер порано денес, пренесува Ројтерс.

од Vladimir Zorba
21 прегледи Фотографија: Х/Oфицијален профил на Володомир Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Москва го искористила времето за да се подготви за состанок меѓу лидерите на двете земји за да започне нови масовни напади врз Украина.

„Единствениот начин повторно да се отвори прозорецот на можности за дипломатија е преку строги мерки против сите оние кои ја финансираат руската војска и ефикасни санкции против самата Москва – банкарски и енергетски санкции“, рече Зеленски во објава на платформата X.