Зеленски: Москва сее омраза меѓу Украинците

од Nikola Popovski
345 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски луто ја предупреди Москва дека сее длабока омраза кон Русија меѓу украинскиот народ бидејќи постојаното гранатирање и бомбардирање опустоши градови, уби цивили и принудува други во засолништа, оставајќи ги очајнички да бараат храна и вода за да преживеат.

-Правите сè за нашиот народ сам да го напушти рускиот јазик, затоа што рускиот јазик сега ќе биде поврзан само со вас, со вашите експлозии и убиства, со вашите злосторства, рече Зеленски во видео-обраќање доцна синоќа.

Руската инвазија на Украина ескалира во исцрпувачка војна на многу места, со зголемување на цивилните жртви додека Москва се обидува да ги принуди градовите да се предадат со бомбардирање.