Украинскиот претседател Владимир Зеленски му ја понуди на Борис Џонсон функцијата градоначалник на украинскиот град Одеса.
Зеленски му понудил на британскиот премиер во заминување Борис Џонсон да ја преземе функцијата градоначалник на Одеса, пренесува „Украинска Правда“.
За време на телефонскиот разговор, Зеленски го предложи Џонсон да биде првиот човек во Одеса, откако поранешниот британски премиер објави дека поднесува оставка. Весникот тврди дека Џонсон „со благодарност ја прифатил оваа понуда“. Засега нема официјална потврда на оваа информација, но немаше ниту деманти.
Зеленски не го криеше разочарувањето од падот на владата на Џонсон во Британија, бидејќи официјален Лондон е најсилниот поддржувач на војната против Русија и вооружувањето на Украина.
Британскиот премиер во заминување е толку популарен во Украина што неколку градови веќе предложија да се именуваат улици по него.