Зеленски му предложил на Путин да се сретнат во Донбас

од Vladimir Zorba
234 прегледи

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, го покани претседателот на Русија, Владимир Путин, да се состане каде било во Донбас. Западните земји неодамна изразија загриженост за наводното интензивирање на „агресивните активности“ на Русија во Украина. Вашингтон изјави дека има ескалација на „руската агресија“ и преместување на руските трупи на Крим и на источната граница на Украина.

Во видео порака објавена во вторникот, Зеленски рече дека на состанокот на политичките советници на „нормандиската четворка“ на 19 април разговарале за обновување на целосниот режим на прекин на огнот и предложиле состанок на контактната линија за да се разјасни ситуацијата што што е можно повеќе.

„Одам таму секој месец. Господине Путин! Подготвен сум да одам чекор подалеку и да ве поканам да се сретнеме во кој било дел од украинскиот Донбас, каде се води војната“, рече Зеленски обраќајќи му се на претседателот на Русија.

Зеленски посочи дека Украина е подготвена да се бори за мир преку дипломатијата и во исто време се подготвува да се брани.

„Што се случува денес? Голем број руски трупи се концентрирани во близина на нашите државни граници. Русија официјално го нарекува ова обука. Неофицијално, целиот свет ваквите работи ги нарекува уцена. Дали тоа нè загрижува? Да! Дали Украина и нејзините меѓународни партнери бараат војниците да се повлечат од нашите граници? Да! Бидејќи Русија постојано повторува дека сака мир, но во исто време ги создава сите предуслови за ескалација. Дали е тоа логично? Не! Дали е неочекувано? Не„ Дали тоа значи дека ескалацијата е неизбежна? Не! Дали Украина сака војна? Не! Дали е подготвена за неа? Да! Дали Украина ќе престане да се бори за мир преку дипломатија? „Никогаш“, се наведува во објавата на Телеграм.

Украинскиот лидер додаде дека Украина секогаш ќе се брани.

„Дали Украина ќе се брани ако нешто се случи? Секогаш. Нашиот принцип е едноставен – Украина нема прво да ја започне војната, но секогаш се бори до крај“, нагласи претседателот.

Западните земји неодамна изразија загриженост за наводното интензивирање на „агресивните активности“ на Русија во Украина. Вашингтон изјави дека има ескалација на „руската агресија“ и преместување на руските трупи на Крим и на источната граница на Украина. Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Русија преместува трупи на нејзина територија и по своја дискреција.
Според него, тоа не се заканува на никого и не треба некој да се грижи.