Францускиот претседател Емануел Макрон ќе биде домаќин на денешната средба во Париз со украинскиот претседател Володимир Зеленски и германскиот канцелар Олаф Шолц, соопшти француското претседателство, пренесува Ројтерс.
Француската ТВ БФМ јави дека Зеленски, кој денес е во посета на Велика Британија, вечерва ќе пристигне во Париз, повикувајќи се на упатени извори.
Зеленски, кој е во Лондон во својата втора посета во странство од почетокот на рускиот напад врз Украина на 24 февруари минатата година, би можел да пристигне во Брисел во четврток по Париз на самитот на Европската унија, но таа посета сè уште не е потврдена.
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во понеделникот рече дека го поканил Зеленски „лично да учествува на еден од идните самити“.
Може да биде во четврток, но ништо не е потврдено, изјавија за ТВ БФМ во Брисел.