По повод годишнината од руската инвазија на Украина, во Киев, главниот град на оваа земја разурната од војна се одржува церемонија на која присуствува и првиот човек на Украина, Володимир Зеленски.
Во оваа прилика Зеленски им се обрати на украинските војници на плоштадот Света Софија, во близина на катедралата со зелена и златна купола како симбол на издржливоста на градот.
„На сите вас кои се борите за Украина, сакам да кажам дека сум горд на вас. Секој од нас се гордее со вас“, рече Зеленски.
На средбата беше интонирана украинската химна.
На улиците се собраа и голем број цивили за да ги поздрават војниците кои се борат на фронтот.
Руските тенкови, кои беа заробени за време на борбите, се изложени низ целиот град.
Да потсетиме, денес е 365-от ден од војната, односно точно една година од влегувањето на руските тенкови во Украина.