230
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изрази сомнеж во руската најава дека нејзината делумна мобилизација е завршена и најави дека „лошите резултати на руските сили на фронтот значат дека на Москва ќе и требаат повеќе луѓе“.
„Многу наскоро, на Русија може да и треба нов бран луѓе што ќе ги испрати во војна“, рече Зеленски во видео-обраќање, според Ројтерс.