187
На Украина ќе и треба армија од околу еден милион војници за да се одбрани од Русија, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на состанокот со претставници на Меѓународниот совет за медиуми на Светскиот економски форум во Давос.
Зеленски изјави дека на Украина и се потребни околу милион војници за да се спротивстави на армијата од околу милион и пол руски војници, пренесе Укринформ.
Украинскиот претседател рече дека толку голема армија ќе биде неопходна додека Украина не се приклучи на безбедносен сојуз, истакнувајќи дека за одржување на таков контингент ќе бидат потребни големи средства, кои не се достапни во украинскиот буџет.