Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека за време на руската инвазија на Украина биле убиени 167 деца, но тој број веројатно е поголем.
„Факт е дека за 42 дена се убиени најмалку 167 деца. Сè уште не знаеме за сите злосторства во Мариупол и другите украински области, каде борбите сè уште траат“, рече Зеленски пред ирскиот парламент.
Според него, руските сили нападнале 927 образовни институции, 258 болници и 78 амбулантни возила.