Зеленски: Нашата армија не ги напушта позициите во Северодоњецк

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави синоќа дека украинската армија не ги напушта позициите во Северодоњецк, градот во кој моментално се водат најголемите улични борби.

„Нашите херои не се откажуваат од своите позиции во Северодоњецк. Во градот се водат жестоки улични борби“, рече Зеленски, пренесе „Ројтерс“.

Кога станува збор за поширокиот, индустриски дел од регионот Донбас, каде што се наоѓа Северодоњецк, Зеленски рече дека „украинскиот Донбас стои цврсто“.

Слични содржини