Во француското национално собрание денеска се обрати украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој во својот говор меѓу другото рече дека во војната во Украина од почетокот загинале 121 дете.
„Нашите луѓе не можат адекватно да ги погребаат ниту своите убиени роднини, пријатели и соседи. Мора да бидат закопани во дворовите на срушените згради, покрај патиштата“, информира Зеленски.
Тој исто така истакна дека повеќето одговори се „во ваши раце“ и побара помош.
„Треба да делуваме заедно. Барам француските компании кои работат во Русија да ја напуштат земјата, барам Франција да ни испрати повеќе оружје, воздушна заштита и да ги зајакне француските санкции против Москва“, рече тој.