Украинскиот претседател Володимир Зленески ги осуди западните лидери кои го предводат НАТО поради постојаното одбивање на барањето за воведување зона на забранети летови над неговата земја, јавува Би-Би-Си.
Говорејќи за време на телевизиското обраќање до украинскиот народ, Владимир Зеленски рече дека западните лидери знаат дека руската агресија против Украина најверојатно ќе се интензивира и ги обвини дека „му дале дозвола на Владимир Путин да продолжи да бомбардира градови и населени места“.
„Знаејќи дека новите удари и жртви се неизбежни, НАТО намерно одлучи да не го затвора небото над Украина“, рече тој во видео обраќањето од неговата канцеларија во Киев, додавајќи: „Денес, раководството на Алијансата даде зелено светло за натамошно бомбардирање на Украинските градови и села, одбивајќи да создадат зона за забранети летови“.
По синоќешниот напад на нуклеарната централа Запорожје, Зеленски повторно апелираше до Западот да воведе зона на забранети летови над Украина.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави за Би-Би-Си дека е убеден дека Украина може да ја добие војната со Русија. Тој ги отфрли наводите дека има зона забранета за летови над Украина среде руската инвазија, како одговор на прашањата на новинарите на брифингот со новинарите во петокот во Брисел, според „Киев Индипендент“.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг вчера изјави дека Алијансата нема да воспостави зона на забранети летови над Украина, која не е членка на НАТО.