Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја отфрли можноста да отпатува во Москва на директни разговори со рускиот лидер Владимир Путин за завршување на војната во неговата земја.
„Во име на мојата земја би бил подготвен да го посетам секое место на оваа планета. Но, сигурно не сега и сигурно не Москва. Тоа едноставно не доаѓа предвид“, изјави тој за рускиот медиум Медиазона.
Тој додаде дека и покрај тоа, „под други околности и со други владетели во Москва, се би било можно“.
Тој оцени дека рускиот политички врв направил „катастрофална грешка“ со инвазијата на неговата земја, вовлекувајќи го рускиот народ во нешто што е одговорност на владата.
„Од сега па натаму, многу земји повеќе нема да се залажуваат со прашањето дали некој е добар или лош Русин. Сите Руси ќе бидат третирани лошо. Русија го постигна тоа. На крајот, тоа не е моја работа, туку тоа треба да го ужаснува рускиот народ“, рече Зеленски.