146
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не гледа причина зошто западните партнери не треба да испорачуваат тенкови на Украина.
„Ќе добиеме повеќе оклопни возила, вклучително и лесни тенкови од француско производство. Ова испраќа јасен сигнал до сите наши партнери: не постои рационална причина зошто западните тенкови сè уште не се испорачани на Украина“, рече Зеленски синоќа, пренесува ТАШ.
По вчерашниот телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, Зеленски потврди дека Киев ќе добие француски лесни тенкови.