Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа објави ново видео во кое вели дека ќе остане во својата канцеларија во Киев.
„Не се кријам. И не се плашам од никого. Останувам онолку долго колку што е потребно за да се победи оваа војна“, рече тој.
Зеленски покажа поглед кон Киев како изгледа во вечерните часови, од неговата канцеларија во срцето на главниот град на Украина за да докаже дека пораката е снимена во понеделникот вечерта.